Македонија ги доби првите менаџмент консултанти со меѓународни сертификати. Станува збор за 30 консултанти кои на домашните компании ќе можат да има даваат совети за тоа како да го водат бизнисот во повеќе области меѓу кои и менаџментот, енергетиката, екологијата. Дипломите ги додели меѓународниот институт за менаџмент консултанство, а обуката која траеше една година ја подржаа европската банка за обнова и развој и УСАИД. Заклучокот од учесниците на церемонијата е дека домашните фирми не ги користат доволно услугите на консултантите. Денеска 30 тина луѓе што го добиваме овој сертификат влегуваме во оние 15.000 луѓе во целиот свет кој што го имаат овој сертификат како потврда на квалитетот на консултанската работа. Она што е важно е дека СМС сертификацијата е она што е ИСО стандардот за фирмите.
Македонија ги доби првите менаџмент консултанти со меѓународни сертификати.
Станува збор за 30 консултанти кои на домашните компании ќе можат да има даваат совети за тоа како да го водат бизнисот во повеќе области меѓу кои и менаџментот, енергетиката, екологијата.
Дипломите ги додели меѓународниот институт за менаџмент консултанство, а обуката која траеше една година ја подржаа европската банка за обнова и развој и УСАИД.
Заклучокот од учесниците на церемонијата е дека домашните фирми не ги користат доволно услугите на консултантите.
„Денеска 30 тина луѓе што го добиваме овој сертификат влегуваме во оние 15.000 луѓе во целиот свет кој што го имаат овој сертификат како потврда на квалитетот на консултанската работа. Она што е важно е дека СМС сертификацијата е она што е ИСО стандардот за фирмите“, изјави Зоран Јачев, консултант.
„Луѓето со професија менаџмент консултанти се обучуваат како да подобро, поквалитетно , поетички ги опслужуваат своите клиенти. Тоа се претпријатијата и менаџментот во претпријатијата“, вели Живко Димов, претседател на МЦА 2000.